Црна хроника

Прегазено шестгодишно девојче од Штип

Шестгодишно девојче од Штип заврши на пластична хирургија во Скопје откако утринава било прегазено со возило.

21.10.2017 17:53:45
Шестгодишно девојче од Штип заврши на пластична хирургија во Скопје откако утринава било прегазено со возило. Сообраќајната несрека се случила околу 9 часот, кога девојчето се движело по улицата каде што живеело. 

Од ударот се здобило со две фрактури на черепот и по укажаната лекарска помош во штипската болница, поради сериозноста на повредите е транспортирано во Скопје. Денес жителите на ромското маало во Штип побараа поредовни сообраќајни контроли,бидејки како што велат, возачите воопшто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Тешка сообраќајна незгода се случи и во Кочани. Ноќеска околу 2 часот загина 22годишно момче. Според билтенот на МВР момчето во кобниот момент изгубило контрола над возилото, прво удрил во дрво, а потоа во метален знак и се превртел. 

Со тешки телесни повреди бил пренесен во Кочанската болница, каде што за жал лекарите констатирале смрт. Инаку за неполни десет месеци, односно опд почетокот на оваа година до сега низ патиштата во источниот дел од државата 25 лица ги загубија животите.

Александра Ристевска