Свет

Хејли: Русија води војна мешајќи се во изборите на другите земји

Хејли го повика приватниот сектор да им помогне на американските официјални претставници да и се спротивстават на Русија.

20.10.2017 12:42:35

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, ја обвини Русија дека се меша во изборите на другите земји за да ја поткопа нивната демократија и оцени дека Русија на тој начин води војна. Затоа, додаде таа, Русија мора да одговара. 

- Кога една земја може да дојде и да се меша во изборите на друга земја, тоа е војна, навистина е. Не го видовме тоа само тука, го гледаме во Франција, како и во другите земји. Тие тоа го прават  насекаде. Тоа е оружјето што го избраа, рече Хејли на панелот во Њујорк организиран од Институтот Џорџ В. Буш.

Хејли го повика приватниот сектор да им помогне на американските официјални претставници да и се спротивстават на Русија.

- Русите, Бог да ги благослови, прашуваат „зошто Американците се антируски настроени? И зошто им воведовме санкции?“ Па, не ни се мешајте во изборите и нема да сме анти-руски настроени, рече Хејли,

Во исто време кога американската амбасадорка во ОН, ги критикуваше Русите за мешање во изборите во САД, директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео изјави дека руската интервенција во американските претседателските избори во 2016 година не влијаела врз резултатот од гласањето.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред три дена побара прекинување на истрагите за врските на луѓе од неговиот изборен штаб со Русија, што одвоено ги водат специјалниот истражувач Роберт Малер и комисии во двата дома на Конгресот.

– Целата работа со Русија е изговор за поразот на демократите на изборите. Апсолутно немаше дослух со Русија. Тоа треба да се заврши, оти на луѓето им се смачи од тоа, изјави Трамп.

 

NE RAZBIRAM

Од: GRAMATICHAR

Време: 20.10.2017 20:20:00

Коментар: SHTO SAKASH BRE TI DA KAZISH;; Drshte go kradecot-Nema shto da se komentira;See jasno kako den..?? Znachi ne sakash ili ne smeesh da kazish kakvise Amerikancite i Drugite Nato-Zapadnjacite..Ne znam od shto ti Fufka..Oni se tie shto se brkaat vo Site zemji-Mani shto gi postavuvaat Vladite-tuku i gi -rasturvaat-ako treba i so sila.?

MA NEMOJ-BANDITI

Од: NE NORMALEN

Време: 20.10.2017 20:07:35

Коментар: Abe Vie Zapadnjaci go rasturifte svetot so tie izbiranja na pretsedateli i ograbuvanja na svetot-pa i duri ubivanja i unishtuvanja na Vladite-i postavuvanje Vashi-za polesno Zarobuvanje na Ventilite..? Shto go pravite ovoj Svet glupav-Manetese od tuka i -Ednash Ostavetego Svetot na mira.Vidite oti i gospot ve kaznuva-Opametitese ednush

drzte go kradecot

Од: stavre

Време: 20.10.2017 13:28:20

Коментар: Nema potreba da se komentira. Se e jasno kako den