Спорт

Суспензија за Портис, крај на сезоната за Хејвард

Чикаго Булс одреди казна од осум натпревари суспензија за Боби Портис по вчерашната физичка пресметка со соигачот Никола Миротиќ за време на тренинг на тимот.

19.10.2017 20:37:33
По истата Миротиќ заврши во болница со потрес на мозокот поради што ќе паузира месец и половина.

Гордон Хејвард најверојатно ќе ја пропушти сезоната во НБА лигата по повредата на левиот зглоб на ногата.
На истата денеска е извршена хируршка интервенција за санација на скинатиот лигамент, а кошаркарот се здобил и со фрактура на зглобот.