Македонија

Голем интерес на битолчани за вакцинирање

Поради големиот интерес, за неколку дена, се очекува битолчани да ги примат планираните 3. 800 дози на вакцини против сезонски грип, колку што се набавени според проценетите потреби.

19.10.2017 15:35:51
Поради големиот интерес, за неколку дена, се очекува битолчани да ги примат планираните  3. 800   дози на вакцини против сезонски грип, колку што се набавени според проценетите потреби. Во Центарот за јавно здравје во Битола, повозрасните граѓани и хроничните болни, уште од вчера доаѓаат во раните утрински часови за вакцинирање.
Секоја година ставаме вакцини против грипот, па и оваа година не сакавме да пропуштиме - рече Цветанка Петровска.  Прилично сме добри, а јас имам 82 години и сега немам никаква мака - рече нејзиниот сопруг Перо.Се надеваме за подобро за да не не фаќа грип - рече Мехмед Исмаиловски. Помага доста и да фати пролазно е - рече Ристе Ристевски. Помага, јас веќе пет години се вакцинирам - рече неговата сопруга Марија.

Со досегашните искуства, ефектите од вакцинирињето се најдобра одбрана против инфлуенца, а во Битола постои доволна едукација за прифаќање на тоа сознание.

Интересот е голем и веќе од првиот ден вчера, имаше околу 400 дадени вакцини, а денес до 11 часот има повеќе од двесте. Значи, постои и култура и интерес, и едукација кај граѓаните на Битола да ја примат вакцината. Се надеваме дека планираната количина ќе биде доволна - рече примариус д-р Елизабета Крстева, директор на Центарот за јавно здравје во Битола.

 Холандските вакцини што се набавени на тендер за цела држава, не создаваат несакани ефекти или компликации освен за одредена категорија граѓани со поодделени алергии, а според светските искуства, тие се најдобра  превентива од грип и се препорачуваат на сите таргетирани групи по возрасти и со хронични заболувања.

 Петар Стефановски