Балкан

Ердоган: Турција во секој момент може да ја затвори границата со Ирачки Курдистан

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска предупреди дека неговата земја „во секој момент“ може да ја затвори границата со северен Ирак, по затворањето на воздушниот простор за тој регион, објави „Хуриет“.

19.10.2017 12:03:14

- Целосно го затворивме нашиот воздушен простор за регионалната влада на Северен Ирак, изјави Ердоган при враќање од неговата посета на Полска.

Тој додаде дека разговорите продолжуваат во однос на копнената граница.   

- Се уште не сме ги затвориле граничните премини, но тоа може да се случи во секој момент, истакна Ердоган.

По референдумот за независност на Ирачки Курдистан на 25 септември, Ердоган најави затворање на границите.