Спорт

Последни подготовки за Вардар пред дуелот со Сосиедад

Фудбалерите на Вардар денеска ќе ги одработат последните тренинзи пред натпреварот со Реал Сосиедад, трет во групната фаза од Лигата на Европа.

18.10.2017 13:08:38
Шпанскиот состав во Скопје пристигна со фаворитската улога на дуелот но проблемите со повредите во тимот оставаат простор за амбициите на нашиот шампион за освојување на првите бодови во натпреварувањето.

"Се разбира дека тоа е тимската игра. Само така можеме да стигнеме до она што го посакуваме, а тоа е позитивен резултат. Сите во составот сакаме да оставиме подобар впечаток од она што го покажавме на дуелот со Зенит. Во нашиот тим немаме индивидуалци како во останатите екипи кои се дел од завршицата во европските натпреварување, но со тимска игра можеме да го надополниме и тој елемент". -изјави Никола Глигоров.

Натпреварот се игра утре на Националната арена Филип Втори со почеток од 19:00 часот.