Балкан

Седуммина рудари загинаа во несреќа во нелегален рудник во турскиот град Ширнак

Седуммина рудари загинаа кога се урна сводот на рудник за јаглен во градот Шернак, во источна Турција.

18.10.2017 15:01:39

Седуммина рудари загинаа кога се урна сводот на рудник за јаглен во градот Шернак, во источна Турција.

Турскиот вицепремиер и портпарол на турската Влада Бекир Боздаг потврди дека загинале седум рудари.  

Турското Министерство за енергетика и природни ресурси објави дека рудникот во кој се случи трагедијата, бил нелиценциран и нелегален.

Рудникот била затворен уште во 2013 година со одлука на Генералната дирекција за рударски активности поради констатирани проблеми и ризици за животот и безбедноста на вработените во рудникот.

Најголемата рударска несреќа во Турција се случи во мај 2014, кога во градот Сома загинаа 301 рудар.