Спорт

Италија против Шведска за пласман на СП

Познати се двојките за бараж мечевите за пласман на Светското првенство што ќе се одржи следната година во Русија.

17.10.2017 20:19:57
 Хрватска за противник ја има Грција, Северна Ирска се среќава со Швајцарија, Данска за место на Мундијалот ќе се бори со Република Ирска додека најголем интерес ќе предизвика мечот во кој Италија игра против селекцијата на Шведска. 

Првите натпревари се играат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите на програмата од 11 до 14 следниот месец.