Македонија

Мировен марш на руралните жени

Руралните жени од цела држава кои својата егзистенција ја остваруваат со земјоделие, денеска на мировен марш по улиците на Ресен, го кренаа својот глас барајќи поголеми права.

17.10.2017 16:27:26
Руралните жени од цела држава кои својата егзистенција ја остваруваат со земјоделие, денеска на мировен марш по улиците на Ресен, го кренаа својот глас барајќи поголеми права. Под мотото ``И ние сме жени и ние имаме права``, им порачаа на  државните институции дека не се платени, дека се обесправени и измамени, иако тие го хранат светот, а во сопственичките односи на имотите, учествуваат само со пет проценти.

- Обесправени сме, немаме земјоделски пензии, а ни бараат земјоделски посед за добиеме пензија- рече Ружа Стојмилова од Кочани.-  Сакаме да го кажеме нашиот глас и да кажеме дека постоиме- рече Светлана Трифуновска, производител од Беровско.-  Јас сум индивидуален земјоделец. Инаку, сум дипломиран професор, но цел живот се занимавам со земјоделеи- рече Васка Мојсовска од Неготино.

Нивна цел денеска беше да укажат  за важноста на жените во земјоделието и  за нивно активно вклучување во креирањето на земјоделските политики.

- Сакаме да укажеме за важноста на руралната жена и за нејзиното инволвирање во начините на одлучување и креирање на земјоделската политика, како и економското јакнење кое што е потребно. Она што можеме да потенцираме како податок и што навистина загрижува е дека 88% од земјоделците велегуваат во категоријата на неплатени земејни работници, од кои 6) проценти паѓаат на руралните жени- рече БилјанаПетровска Митревска, проект- менаџер на федерацијата на фрмери на Македонија.

Оваа манифестација по десетти пат ја организираше федерацијата на фармери на Македонија и Мрежата за рурален развој, одбележувајќи го Денот на руралната жена за прв пат со мировен марш. Исто така, беше организирана и хуманитарна акција, а средствата ќе бидат донирани на социјално загрозено семејство во Ресен.


Петар Стефановски