Живот и стил

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бебе тешко 7,1 килограми.

17.10.2017 12:14:45

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бебе тешко 7,1 килограми.

- Бевме во целосен шок кога лекарот ни рече дека бебето е тешко 7,1 килограм. За време на бременоста, докторите велеа дека тоа ќе има околу пет килограми, изјави таткото на новороденчето, Тран Ван Кван.

Бебето е хит на денот од насловните страници на виетнамскиот печат. Претходниот рекорд во земјата го држеше бебе родено 2008 година, со тежина од точно седум килограми.

Светскиот Гинисов рекорд пак, и натаму и припаѓа на Италијанката која во 1955. роди бебе тешко 10,2 килограми.