Спорт

Иниеста завршува со репрезентативната кариера

Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста најави дека по завршувањето на Мундијалот во Русија ќе се повлече од репрезентацијата на Шпанија.

14.10.2017 13:25:57
"Јас сум реален, годините веќе не ми дозволуваат да играм голем број на натпревари на високо ниво. Светското првенство во Русија е одлична можност да се простам од настапите во репрезентацијата. До почетокот на шампионатот има уште неколку месеци и се надевам дека до тогаш се ќе биде во најдобар ред", изјави Иниеста.

Триесет и три годишниот Иниеста до овој момент има 121 настап во дресот на репрезентацијата на Шпанија, тој беше стрелец на победничкиот погодок кој на Црвената фурија и го донесе трофејот на Мундијалот во 2010 година, а беше дел од тимот што триумфираше на Европските првенства во 2008 и 2012 година.

Иниеста во дресот на националниот тим дебитираше во 2006 година на пријателскиот натпревар со Русија.