Спорт

Маскерано се повлекува од репрезентацијата

Аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано најави дека по настапот на Светското првенство во Русија се повлекува од националниот тим.

14.10.2017 13:12:59
"Мојот циклус во репрезентацијата завршува во Русија. Дефинитивно тоа ќе биде мое последно натпреварување", изјави Маскерано.

Триесет и три годишниот фудбалер до овој момент има 139 настапи во националниот тим до крајот на Мундијалот тој има реална шанса да го надмине рекордот на Хавиер Занети кој во кариерата 143 пати бил дел од аргентинската репрезентација.