Спорт

Карпош Соколи го совлада МЗТ Скопје

Во последниот натпревар од првото коло во домашниот кошаркарски шампионат Карпош Соколи како гостин го совлада МЗТ Скопје со 85:83.

12.10.2017 23:19:21
Карпош Соколи водеше во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено ги освои бодовите и на противникот му го нанесе третиот последователен пораз сезонава, а втор по ред за МЗТ Скопје на домашен терен.

Во текот на мечот Карпош Соколи имаше и водство од 14 поени, но во завршницата МЗТ Скопје успеа да ја намали разликата и се најде во ситуација да се бори за продолжение. Домашниот тим не успеа да го израмни резултатот и на крајот славеа гостинските кошаркари.

Дарко Соколов со 19 поени беше најефикасниот во победничкиот тим, Жарко Чомагиќ постигна 16 додека Џејсон Браун беше стрелец на 15.

Во домашниот состав Бојан Трајковски забележа 34 поени и осим скока, Ерик Ли Гарсија додаде 13, а десет поени впиша Јордан Минчев.