Спорт

Видал се премисли и натаму ќе настапува за репрезентацијата

Само 24 часа откако најави дека се повлекува од националниот тим, Артуро Видал ја смени одлуката и реши и натаму да биде дел од репрезентацијата на Чиле.

12.10.2017 23:09:00

"Навистина е тешко да се донесе одлука, но ова не е крај на една генерација, ниту пак се завршени нашите соништа. Сметам дека може уште многу да и дадеме на нашата земја. Чиле е репрезентација на воини и горд сум што сум дел од оваа селекција. Секогаш кога ќе бидам повикан од селекторот јас ќе бидам дел од мојот, нашиот национален тим", напиша Видал на својот профил на Твитер.

Репрезентацијата на Чиле по поразот од Бразил во последното коло не успеа да се пласира на Светското првенство.