Спорт

Ноу Камп ќе го менува името

Челниците на Барселона најавија дека од следната година ќе потпишат договор со спонзор чие име ќе го носи стадионот Ноу Камп.

12.10.2017 23:01:20
Компанијата со која ќе се потпише договорот ќе плати  200 милиони евра сума што ќе се искористи за реконструкција на стадионот која ќе биде готова до 2021 година и вкупно ќе чини половина милијарда, а капацитетот на Ноу Камп ќе биде зголемен на 105.000 гледачи.

Според најавите од клубот Ноу Камп новото име ќе го добие на почетокот од следната година.