Македонија

Заев: Целокупниот капацитет го ставаме на располагање на граѓаните

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва од митингот во Штип побара подршка од граѓаните за кандидатот за градоначалник Благој Бочварски.

12.10.2017 22:59:50
Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва од митингот во Штип побара подршка од граѓаните за кандидатот за градоначалник Благој Бочварски. Од плоштадот Слобода Заев вети повисока плата за војниците, специјалистите, поголеми субвенции за земјоделците, воведување на младинска гаранција  со која младите ќе се задржат во државата. Тој рече дека по 15 октомври ќе изгрее ново сонце, кое ќе донесе нов живот за сите. 

 На вечерашниот митинг пред штипјани се обрати и кандидатот за градоначалник Благој Бочварски. Изградба на катна гаража, аква парк, гасификација, изградба на пензионерски дом, градинка, брана на река Отиња, ново сообраќајно решение се само дел од проектите кои Бочварски ги понуди за подобар живот.

Претходно предизборниот карван на Коалицијата одржа митинг и во Пробиштип.



Александра Ристевска