Свет

Амбасадорот на Израел со предлог да се повлечат од УНЕСКО

Израелскиот амбасадор во УНЕСКО Кармел Шама Хакоен денеска изјави дека и Израел би требало да се повлече од УНЕСКО.

12.10.2017 19:35:55

Израелскиот амбасадор во УНЕСКО Кармел Шама Хакоен денеска изјави дека и Израел би требало да се повлече од УНЕСКО, бидејќи САД најавија повлекување, со оценка дека таа организација на ОН наводно делува против Израел. 

- Во изминатите години УНЕСКО се трансформираше во бизарна организација која се изгуби во својот професионален пат поради политичките интереси на некои земји, изјави Шама Хакоен.

Тој додаде дека негова „лична препорака е премиерот Бенјамин Нетанјаху да се држи до САД и веднаш да се повлече од УНЕСКО“.

Израелскиот амбасадор во ОН Дани Данан рече дека сега се влегува во нова ера во ОН.  

- Влегуваме во нова ера во Обединетите нации, каде што кога вршиме дискриминација против Израел мора да ја платиме цената, изјави  Данан, притоа поздравувајќи ја најавата за повлекување на САД од УНЕСКО.