Македонија

,,Новиот Живот” на Сдсм влијае штетно за Република Македонија

Новиот живот влијае штетно за Република Македонија, вели новинарот Васко Ефтов. По фалбите дека Македонија е новата ѕвезда на европското небо, ќе следи драматично отрезнување од кое Македонија допрва ќе има проблеми, вели тој.

12.10.2017 17:51:09
  Новиот живот влијае штетно за Република Македонија, вели новинарот Васко Ефтов. По фалбите дека Македонија е новата ѕвезда на европското небо, ќе следи драматично отрезнување од кое Македонија допрва ќе има проблеми, вели тој. 

 Локалните избори во моментот се од големо значење а тоа го покажува и црната кампања која во моментот се води од страна на СДСМ. Со овие избори ќе има враќање на ВМРО ДПМНЕ на теренот или комплетно нивно отстранување. Затоа и целта на СДСМ е веќе неколку месеци ВМРО ДПМНЕ да се прикаже како агресивна партија која сака да ја задржи власта по секој цена вели Ефтов. 

Васко Ефтов - Видете они постојано прават се за да се повтори 27 април. Тоа го правеа и со 2 август најавата Талат Џафери да говори на Крушево и ќе се обрати на албански јазик, најавата за доаѓањето на Бојко Борисов. Со тоа сакаат да покажат дека ВМРО е агресивна партија која по секоја цена сака да ја задржи власта. 

 Ова однесување на СДСМ стана лизгав терен за игра со своите коалициони партнери од албанскиот блок. Струга, Гостивар, Тетово и Чаир се клучни за овие избори, а тешко дека СДСМ ќе може да има Влада со ДУИ или Алијанса за Албанците  ако еден од нив биде поразен на изборите во Струга или Гостивар, вели Ефтов. 
 
 Во Тетово лидерот на БЕСА Биљал Касами е во изборна трка со Теута Арифи, поради која СДСМ воопшто не се појави со свој кандидат бидејки Теута Арифи е главниот нивен фаворит во албанскиот кампус.
 
Васко Ефтов - Ако ДУИ изгуби во две од четирите општини кои се клучни за Албанците, ќе биде почеток на крајот на таа партија, а ако Алијансата не победи во Струга или во Гостивар, тешко ќе може да биде во иста коалиција со СДСМ. Гледате како ВМРО, Алијансата и БЕСА природно може во вториот круг да се најдат. 

 За Ефтов ова што во моментот се случува во Македонија ја преминува границата на дипломатско и политичко ниво. Дали ќе има предвремени избори, зависи од тоа дали ќе му биде дозволено на премиерот Зоран Заев, вели тој.  Однесувањето на одредени амбасадори кон сегашната опозиција кое преминало во личен однос нема да биде така кога ќе дојдат нивните наследници