Спорт

Одбојкарите ги добија противниците во квалификациите за ЕП

Нашата машка одбојкарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во Словенија, Белгија, Холандија и Франција во 2019 година.

12.10.2017 16:47:59
За прв пат на континенталните шампионати ќе партиципираат 24 репрезентации и сега имаме одлична шанса да се најдеме во завршницата на едно големо натпреварување.

Македонската селекцијата е во групата со Украина, Унгарија и Швајцарија, а настап на завршницата обезбедуваат првопласираните репрезентации како и пет најдобри второпласирани тимови.

Во првото коло играме со Унгарија на гости на 15 август, потоа следува мечот со Украина на домашен терен, а во последното коло од првиот круг ја пречекуваме Швајцарија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

15.08.2018 Унгарија - Македонија
18/19.08 Македонија - Украина
22.08. Македонија - Швајцарија
25/26.08 Швајцарија - Македонија
06/06.01.2019  Украина - Македонија
09.01.2019 Македонија - Унгарија