Спорт

Видал се повлекува од репрезентацијата

По неуспехот во квалификациите за пласман на Светското првенство, Артуро Видал објави дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата на Чиле.

12.10.2017 16:40:39

Видал една деценија го носеше дресот на националниот тим и во овој период забележа 97 настапи постигнувајќи 23 гола. Видал беше дел од националниот тим кој во 2015 и 2016 година триумфираше на Копа Америка.

Одлуката за повлекување од репрезентацијата, Видал ја донесе само еден ден по оставката на селекторот Хуан Антонио Пици.