Спорт

Почнува новата сезона во Евролигата

Денеска стартува новата сезона во кошаркарската Евролига.

12.10.2017 16:37:27
На стартот на програмата се пет натпревари, а се среќаваат Анадолу Ефес - Реал Мадрид, ЦСКА Москва - Милано, Бамберг - Макаби, Олимпијакос - Басконија и Уникаха - Фенербахче. 

Првата рунда од елитното кошаркарско натпреварување се заокружува утре со мечевите: Химки - Валенсија, Жалгирис - Црвена Звезда и Барселона - Панатинаикос.