Спорт

Вардар в сабота ја пречекува Барселона

Викендов трите наши претставници ќе настапат во ракометната Лига на шампиони.

12.10.2017 16:34:23
Бранителот на трофејот Вардар в сабота го очекува дуелот против најголемиот ривал за првата позиција во групата Барселона. 

"Играме против Барселона, најголем противник во групната фаза. Тие имаат добри играчи со искуство, знаат како да играат вакви натпревари, мора одбраната да функционира на вистинско ниво ако сакаме да победиме. Голманот Перез де Варгас е голем адут на Барселона, тој според мене е многу добар голман и треба да бидеме концентрирани во нападот. Мора да добиеме поддршка од трибините, бидејќи двете екипи се на исто ниво и затоа очекувам многу тежок натпревар, но верувам во тимот и во нашите навивачи и мислам дека имаме шанса за победа", истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Натпреварот се игра во салата на СЦ Јане Сандански и стартува од 17 часот и 30 минути. 

Металург патува за Русија каде исто така в сабота ќе се соочи со Чеховски Медведи додека женскиот состав на Вардар гостува во Германија и за противник го има Турингер.