Спорт

МЗТ Скопје - Карпош Соколи за затворање на 1. коло

Денеска се игра последниот натпревар од првата рунда во кошаркарскиот шампионат на Македонија

12.10.2017 16:30:59
Со дуелот на минатогодишните освојувачи на трофеите во домашните натпреварувања МЗТ Скопје и Карпош Соколи се комплетира првото коло во кошаркарското првенство на Македонија. 

Мечот се игра во салата на СЦ Јане Сандански и почнува во 18 часот.