Македонија

Набавка на опрема за прислушување, крена рачна за членот 175 за следење комуникации!?

Дали со тоа власта купува време, за операторите да извршат набавка на нова опрема за следење на комуникации кои се одвиваат преку интернет?

12.10.2017 16:45:30
Што е во позадина на одлуката на Владата да не се одлучува по уставноста на членот 175 од законот за следење комуникации кој  дава неограничена моќ  да се прислушува. Дали со тоа власта купува време, за операторите да извршат набавка на нова опрема за следење на комуникации кои се одвиваат преку интернет?

За појаснување - во членот 175 од Законот, операторите се должни да обезбедат технички услови за да овозможат следење комуникации преку нивните мрежи – мобилни, фиксни и интернет. Операторите на свој трошок  ја одржуваат опремата, а информацијата од прислушувањето треба да биде на располагање веднаш откако ќе заврши комуникацијата. Додека трае разговорот, говорен или преку пораки, мејлови,  лицето кое е предмет на прислушување не треба да забележи никаква промена во квалитетот на телекомуникациската услуга. 

Дека операторите, а не МВР се тие што купуваат опрема за следење и склучуваат договори со странски фирми кои нуди услуги преку иновации и технологии, ни потврдија денеска и од Министерството за внатрешни работи. 

Алфа побара одговор и дали МВР, потпишале договор со компании кои сервисираат мобилни апликации за безбедна и криптирана размена на пораки? Односно, дали операторите имаат добиено барање за следење на комуникации за интернет размена на пораки и емитување на содржини преку канали за информирање?

„Не. МВР нема потпишано такви договори. МВР односно УБК следењето на секој вид на комуникација го врши врз основа на наредба од надлежните судови и обвинителство. Во поединечни случаи, кога постои потреба за добивање на содржината на криптираната комуникација врз поснова на барање од обвинителството кое ја води истрагата, директно или преку Дирекцијата за заштита на лични податоци се контактира со соодветните компании.“ - одговрија од МВР

Дека новата власт законски прислушува денеска убедуваше и портпаролот на владата Миле Бошњаковски, тој посочи да му веруваме на директорот на УБК, кој според Бошњаковски јавно и транспарентно кажал дека во моментов се што се случува е исклучиво со почитување на целосната законска процедура.

Но ниту еден директор на УБК, ниту пак портпарол на Влада досега не кажал дека во Македонија спротивно на законот се прислушува. И додека СДСМ од позиција на власт сега ретерира и не и смета концентрацијата на моќ во контаразузнавање, на граѓаните им останува само да им веруваат на „чесниот збор“. 



Катерина Гетева