Македонија

Дијабетичарите бараат да знаат од кај се набавува инсулинот

Болните од дијабетес бараат Агенцијата за лекови да каже од каде се набавува инсулинот, дали гарантира за неговата безбедност и каде е испитуван инсулинот што го користат пациентите во Македонија.

12.10.2017 15:48:11
Болните од дијабетес бараат Агенцијата за лекови да каже од каде се набавува инсулинот, дали гарантира за неговата безбедност и каде е испитуван инсулинот што го користат пациентите во Македонија. Тие најавија дека ќе бараат прецизна морална и кривична одговорност доколку Агенцијата за лекови не одговори на овие прашања.

Секое одлоговлекување и релативизирање на проблемот, за  БАЛАНС.МК  ќе биде повеќе од јасен одговор, по што велат дека ќе бараат прецизна морална и кривична одговорност,бидејќи се работи за живот  велат од здружението.



Мери Ѓеорѓиевска