Македонија

Тетовци стравуваат од повторно високо аерозагдување на градот

Тетовци како жители на еден од најзагадените градови во Европа, се плашат од повторно високо аерозагдување во градот.

12.10.2017 15:30:01
Тетовци како жители на еден од најзагадените градови во Европа, се плашат од повторно високо аерозагдување во градот. Тетово периодов нема поголеми проблеми со загадувањето, но сега и со отпочнување на грејната сезона, индексот на ПМ 10 честичките повторно ќе биде во пораст.

Најавите за рестартирање на Југохром на пролет,пак,стравуваат дека се само предизборна манипулација на Владата.Немаат против повторно почнување со работа на комбинатот, но велат, прво мора да биде довршен системот за отпрашување.

Анкета:
На најавите на Владата за рестартирање на Југохром реагираа и еколошките здруженија, кои сметаат дека е несериозно нешто да се ветува пред да биде довршен системот за отпрашување, кој е комплексен процес, и бара многу повеќе време за негова доизградба.

Милена Вуќевска