Македонија

Шест кандидати за градоначалници на град Скопје потпишаа изјава дека ќе го решат загадувањето во Скопје

Шест од осум , кандидати на политичките партии за градоначалник на Град Скопје потпишаа изјава дека се согласуваат доколку бидат избрани ќе работат на решавање на проблемот со енормно загадување на градот. „Платформата за чист воздух“ е на граѓ

12.10.2017 17:38:26
 Шест од осум , кандидати на политичките партии  за градоначалник на Град Скопје потпишаа изјава дека се согласуваат доколку бидат избрани  ќе работат на решавање на  проблемот со енормно  загадување на градот.  „Платформата за чист воздух“ е на граѓанската иницијатива О2 коалиција, оттаму рекоа дека  отровите го уништуваат здравјето на сите граѓани вклучително и децата затоа побараа од идниот градоначалник на градот, воведување  итни вонредни мерки  за време на грејната сезона, санирање на коритото на реката Вардар, испитување на почвата за тешки метали во околината. 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на СДСМ, Петре Шилегов рече дека планира доколку стане градоначалник  да постави мониторинг за мерење на загадувањето  во соработка со општините. 

Неговиот опонент  кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски посочи дека  домаќинствата кои се греат на дрва се наголеми загадувачи, плановите доколку остане на позицијата му се  да се продолжи со мрежата на гасификација.

На потпишувањето не присуствуваа само Наим Бајрами кандидатите за градоначалник на Скопје од  Алијанса на Албанците и Беким Фазлиу од ДПА. Ама и тие најавиле дека ќе ја потпишат платформата за чист воздух.

Вероника Мароска Леова