Економија

Државната помош за минимална плата - уцена за фирмите

Минималната плата стигна за работниците, но власта ги изигра работодавците. Фимите се жалат дека субвенциите требало да бидат помош за да можат да се прилагодат околу исплаќањето повисоки плати.

12.10.2017 15:33:27
Минимална плата да, но со уцена за компаниите. Иако пред парламентарните избори лани - Социјалдемократите ветија дека државата ќе им помага на фирмите, тоа сепак не било баш така. 

Владата по секоја цена бара да се задржат на работа работниците една година, без разлика на тоа дали ги исполнуваат работните задачи. 

Исплаќањето на минималната плата е спорна за дел од газдите. За нив е проблематично тоа што од буџетот ќе се исплаќаат субвенции за зголемување на платите на најслабо платените работници. Велат дека на овој начин не се решава проблемот со ниските плати во земјата.

Маријана Перковска, претседател на текстилниот кластер во Македонија, со критики за овој пакет мерки, зашто според неа, така се помагаат само големите фирми кои ги исполнуваат условите за да добијат државна помош. 

Текстилците сметаат дека на овој начин не може да се зголеми нивната мотивираност.

Во меѓувреме, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, токму во изборниот период се пофали со покачување од 2% и поголема минимална плата во градинките, а денеска рече тоа ќе биде само 2.040 денари во зависност од нивното работно место.

- Основната бруто плата пред зголемувањето од два процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од два отсто на бруто платата добиваме сума од 15.392 денари, а со зголемувањето на минималната плата за истата бруто плата добиваме 17.130 денари. Тоа значи дека зависно од одредено работно место ефектот од зголемувањето од два процента и зголемувањето на минималната плата за вработените во градикните ќе изнесува до 2.040 денари, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Овие пари, рече Царовска на вработените во градинките им биле исплатени со септемвриската плата која се исплаќа во октомври.

Борис Грујоски