Македонија

ДКСК: Алексовска и д-р Силјановски да се вратат на старите работни места

Прекршување имало и во случајот на поранешниот раководител на Итната медицинска помош од Охрид, доктор Горан Силјановски. И тој противзаконски бил спуштен скалило подолу.

12.10.2017 15:33:17
Антикорупциска пресече – новата влада незаконски суспендирала и прераспределувала службеници во време на изборен режим. Членовите на Комисијата едногласно ја потврдија одлуката по приговорот на екс раководителката на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска во август била суспендирана од работното место, а добила и пониска плата поради дисциплинска постапка. Таа сега ќе мора да се врати на старото работно место. 

Прекршување имало и во случајот на поранешниот раководител на Итната медицинска помош од Охрид, доктор Горан Силјановски. И тој противзаконски бил спуштен скалило подолу како доктор во Брзата помош. 

Од Комисијата велат дека согласно нивните надлежности одлуките ќе ги достават до надлежните институции, кои имаат рок од 30 дена да ги поправат грешките со кои го прекршиле законот. Доколку работните ангажмани на оштетените вработени не се вратат во првобитната состојба, правдата ќе може да се бара преку Јавното обвинителство, велат од Антикорупциска. 

Биљана Божиновска