Спорт

Жрепката за баражот од Европа на 17 октомври

Светската фудбалска федерација потврди дека жрепката за бараж мечевите за пласман на Мундијалот ќе се одржи на почетокот од следната недела.

11.10.2017 15:16:15

Одредувањето на двојките ќе се одржи во Цирих со почеток во 14 часот, а во конкуренција се осумте најдобри меѓу селекциите кои ја освоија втората позиција во квалификациите.

Осумте репрезентации се поделени во два сада. Статус на носители имаат Швајцарија, Италија, Данска и Хрватска додека во вториот сад се сметени Република Ирска, Северна Ирска, Грција и Шведска.

Првите натпревари ќе се играат во периодот од деветти до 11 ноември,а реваншите на програмата се од 12 до 14 следниот месец.

Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули следната година.