Спорт

Алкалоид против Ница, Гамбит со Глобус

На Европскиот куп во шах денеска на програмата се мечевите од четвртото коло.

11.10.2017 15:06:38

Бранителот на трофејот тимот на Алкалоид денеска за противник го има францускиот претставник Ница. Алкалоид во пресрет на четвртото коло се наоѓа на делба на осмото место со 13 поени, еден повеќе од денешниот противник, кој во моментов ја дели 11-тата позиција.

Нашиот втор претставник Асеко Гамбит, кој по три кола е на второто место се соочува со лидерот Глобус од Русија. Асеко Гамбит пред стартот на четвртата рунда има само половина поен помачки од водечкиот тим во натпреварувањето.

Вчера Алкалоид ја совлада Валеренга со максимални 6:0 додека Асеко Гамбит славеше над Макаби со 3,5:2,5.