Македонија

Нова Власт-прислушување по старо, на СДСМ сега не им пречи оваа пракса

Синоќа Владата одлучила да се запре постапката за оценување на уставноста на фамозниот член 175 од Законот за електронски комуникации.

11.10.2017 15:04:42
СДСМ се предомисли, од позиција на Власт не и смета концентрацијата на моќ на УБК  да има траен пристап во реално време и директно некого да прислушува. Веќе не е неуставно материјалите од прислушувањето УБК без контрола да ги има веднаш. Синоќа Владата одлучила да се запре постапката за оценување на уставноста на фамозниот член 175 од Законот за електронски комуникации. 

СДСМ кога не беше на власт, заедно со експертската јавност блиска до нив, ова законско решение го критикуваа. Таканаречените „бомби“ според нив беа коментирани како последица на неограничената можност на УБК да има пристап до уредите и да врши прислушување на граѓаните без посебни критериуми. Тогаш ставот на експертите што ја поддржуваа СДСМ беше дека доколку се укине или измени членот 175 од Законот за електронски комуникации ќе се ограничи можноста на УБК масовно да прислушува.

За ваквата концентрација на моќ, имаше забелешка и во извештајот на Рајнхард Прибе. Освен да се оневозможи  УБК неограничено да прислушува без да има критериуми и правила на игра  се бараше Контраразузнавање воопшто да нема можност сама да поседува такви инструменти и апарати туку да оди тоа преку операторите. 

Во јуни, Уставниот суд поведе постапка за уставноста и законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации.  За повеќето судии, членот беше спротивен на Уставот бидејќи овозможува неограничено следење на комуникациите од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање без соодветна контрола.




Катерина Гетева