Црна хроника

Изминатите 24 часа 15 сообраќајки во Скопје, осум лица потешко повредени

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден, а 12 со лесни телесни повреди

10.10.2017 11:35:42

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден, а 12 со лесни телесни повреди. Во седум е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај се исклучени 19 лица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и возачи на возило со истечена важност на сообраќајната дозвола, две лица поминале на крстосница на црвено светло, како и едно лице кое непрописно се престроило.

Санкционирано е и едно лице кое поминало вон пешачки премин. Затекнати се 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 57 возила.