Балкан

Министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска следната недела во посета на Белград, Приштина и Скопје

Министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, Тимо Соини и Маргот Малстром, ќе престојуваат следната недела – од 9 до 11 октомври – во заедничка посета на Србија, Косово и Mакедoнија.

08.10.2017 18:00:57

Министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, Тимо Соини и Маргот Малстром, ќе престојуваат следната недела – од 9 до 11 октомври – во заедничка посета на Србија, Косово и Mакедoнија.

Пред посетата, финското МНР соопшти дека двете држави поддржуваат европски интеграции на Зaпаден Балкан и истакнуваат значење на регионалната соработка и добрите соседски односи.

За време на посетите во Белград ќе разговараат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. Идејата за заедничка посета укажува на блиски врски меѓу Финска и Шведска, наведуваат од финското МНР.

Во Приштина тие ќе разговвараат со министерот за надворешни работи Беџет Пацоли и ќе присуствуваат на заеднички проект чија цел е унапредување на администрацијата во затворите.

Двајцата министри ќе ја посетат и Македонија каде ќе имаат состаноци со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.