Култура

Британски танчери со „Даунов Синдром“ во Битола и Скопје

Што се можат да постигнат лицата со попреченост, завчера во Битола и синоќа во Скопје покажаа британски танчери со „Даунов Синдром“.

08.10.2017 17:34:32

  Што се можат да постигнат лицата со попреченост, завчера во Битола и синоќа во Скопје покажаа британски танчери со „Даунов Синдром“. Младите танчери од групата ``Ларондина`` покажаа колку може да се постигне и колкава може да биде креативноста и можностите на оваа катергорија луѓе, за нивни квалитет во животот, семејствата и за доброто на општеството. Гостувањето беше повод за размена на искуства со тукашните родители и деца, што имаат иста попреченост.

- Во општеството има многу различности и тие различности животот го прават  подобар. Оваа група е инспирација за сите нас и покажува што лицата со посебни потреби можат да направат- рече организаторката Вероник Герет. 

- Какви се уметнички способности поседуваат овие деца, но и се она што тие можат да го направат, ниното гостување го искористивме да организираме заедничка средба со нашите родители на деца со посебни потреби, за да споделат  искуства и насоки- рече Горица Поповска Налевска од Ресурсниот центар на родители од деца со посебни потреби.

Настанот го организираше Британската амбасада во Република Македонија, а како негова составка  беа работилници и предавања во соработка со Ресурсниот центар на родители на децеа со псоебни потреби.

Петар Стефановски

 

poprecenost

Од: mersim

Време: 08.10.2017 16:58:18

Коментар: Duri i vo ovaa maka na roditelite i decata, iljada godini sme nazat. Vakvoto iskustvo e dragoceno, sto treba da napravime.