Култура

Историска изложба за правата американска мисионерка

Мери Метјус е првата американска мисионерка која што со својата едукативна работа и помагање на локалното население, ги одбележа почетоците на американско- македонските односи.

06.10.2017 18:36:57

Мери Метјус е првата американска мисионерка која што со својата едукативна работа и помагање на локалното население, ги одбележа почетоците на американско- македонските односи. Со доаѓањето  во Битола 1888 година започнала да работи како учителка и директорка во женското Протестанско мисионерско училиште, поминувајќи ги сите бурни историски периоди и воени премрежиња од првата половина на дваесеттиот век. Во нејзина чест, синоќа во галерискиот простор на Завод и музеј во Битола беше отворена историска изложба со нејзината  фотодокументација, чии оригинали се чуваат во универзитетот ``Манхалео``.

- На почетокот на дваесеттиот век работела и дејствувала со мисионерски работи во Битола и ни покажува на кој начин многу добро и полезно да се работи надвор од својата земја и своите граници- рече Александар Литовски,  директор на Завод и музеј Битола .- Оригиналната колекцијадодјде во еден мал куфер. Четири години го имав куферот и јас воопшто не го истражував. Но, еден ден решив да видам што има внатре и видов дека има историја. Тоа е историја со документи во нејзиниот дневник, во фотографии и затоа решив да се позанимав со ова- рече Пеги Хенсон, внука на мисионерката Мери Метјус.

Изложбата фрла светлина врз приликите и случувањата во Битола од периодот на Балканските и Првата светска војна, а мисионерството на Мери Метјуз и денеска е актуелно во градењето на односите помеѓу двете држави.


Петар Стефановски