Балкан

Ердоган: Наскоро ќе биде затворен воздушниот простор и границата со Ирачки Курдистан

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Анкара наскоро ќе ги затвори воздушниот простор и границата кон Ирачки Курдистан, како одоговор на курдскиот референдум за независност.

05.10.2017 19:44:24

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Анкара наскоро ќе ги затвори воздушниот простор и границата кон Ирачки Курдистан, како одоговор на курдскиот референдум за независност, што беше спроведен на 25 септември. 

- Летовите до северен Ирак се прекинати, воздушниот простор и границата, исто така наскоро ќе бидат затворени, нагласи Ердоган. 

Тој посочи, дека одлуката за спроведување на референдум за независност само ја покажува „целосната неблагодарност“ на Владата во Ирачки Курдистан, која разви тесни трговски и политички врски со Турција. 

- Ние сакаме курдската регионална Влада да ја добие потребната поука од грешките и колку што е можно поскоро да преземе чекори, со цел да ги поправи, додаде турскиот претседател.