Македонија

Александар Македонски и сонцето oд Кутлеш летаат од Македонија

Да се забрани користење на симболот Сонцето од Кутлеш, промена на името на аеродромот и автопатот Александар Македонски, дислокација на Воинот на коњ и споменикот на Филип Втори.

06.10.2017 12:07:07
  Да се забрани користење на симболот Сонцето од Кутлеш, промена на името на аеродромот и автопатот Александар Македонски, дислокација на Воинот на коњ и споменикот на Филип Втори. Грчки историчари да ја бришат и препишуваат историјата. Алфа ексклузивно дознава детали од грчкиот список на барања кои новата Влада би требало да ги прифати . 

 Со закон да се забрани користење сонцето од Кутлеш и казни ако истиот се користи. Според информациите до кои дојде Алфа, со овој закон да им се забрани на македонските дипломати и официјални претставници да присуствуваат на настани организирани од дијаспората каде се прикажува и користи во било каква форма овој симбол, или пак каде што се истакнати мапи од географска Македонија. Истите ќе треба да се тргнат и од сите државни институции, како и од учебниците од основно и средно образование. Долг е списокот што Грците го подготвиле а за кој нашата Влада треба допрва да разговара.

 Министерот Димитров вели пак дека нема ништо спорно ниту пак погрешно во тоа да се разговара и нашите историчари да слушнат што нивните грчки колеги мислат за нашата историја. Тој и денес не кажа конкретно ништо. За денешната билатерална средба Коѕијас – Димитров во Солун, повторно вели дека била само позитивна визија и поттикнување на поблиска соработка

Никола Димитров - Разговаравме за тоа што можеме да го направиме за да создадеме една позитивна визија за иднината на регионот.  Поконкретно, зборувавме за поттикнување на поблиска соработка помеѓу организациите на цивилните општества, на академските организации во Универзитетите. Разговаравме и за организирање на бизнис форум. Главната цел ни беше да додадеме на овој позитивен прозор во нашата соработка што се отвора.
По изјавите во грчките медиуми дека Македонија се служи со идредентизам, Коѕијас по денешната средба го смирува тонот велејки дека освен проблемот со името никогаш не кажал дека проблем се и јазикот и идентитетот, туку само дека допрва ќе има содржајни разговори за името. 

 Странски медиуми веќе објавија дека по локалните избори ќе се менува името на аеродромот Александар Македонски, најверојатно во Мајка Тереза. Согласно ова и автопатот би требало да добие ново име. Изворите на Алфа откриваат дека Грците веќе барале дислокација или пак уривање на спомениците Воин на Коњ и Филип Втори, како компромис да не се користат во промотивни материјали направени од Владата. Исто така и да се укинат сите промотивни материјали и видеа кои што одат како реклама во странство а каде веќе ги има овие споменици.
 

bez manipulacii

Од: do MK

Време: 11.10.2017 02:19:52

Коментар: Taka e so imninjata za tie drzhavi koi gi spomna.No nemaat tie drzhavi geografska odrednica za nadvor,a ne za doma ili za doma, a ne za nadvor.Tie nemaat nikade geografska odrednica.Od nas juzhniot sosed bara geografska odrednica,a toa ne mozhe da bide prifatlivo.

Срамотаа

Од: Македонка

Време: 08.10.2017 15:30:59

Коментар: Зарем Мајка Тереза е најголемата макеодонка според која треба да се иемнува се во Скопје. Зарем не ви е доволно она сто се случи минатат година на 11 Септември кога ке величеа истата на плоштадпот Македонија. Не си играјте со Бог оти нема да ви ги простои вапите гревови , не ја продавајте Макеоднија за своите интереси оти казните допрва доаѓаат. Доволно покажавте иСДС и ВМРО дека сите заедно работитре за разнебитување на Македонија и нејзино непостоење на картата, но тоа нема никогас да се случи. Попрво вас ке ве снема отколку Македонија. Димитров ти си најголемиот македонец кој сака да ја продаде државата за интересите на Грците и Бугарите заедно со твојот премиер Заев.

So what?

Од: Сашко

Време: 08.10.2017 14:58:49

Коментар: Сега,денес е важно.Вчера и утре,не!

123