Црна хроника

Почина Абази, независниот кандидат во локалната трка во Кичево

Абази, беше застрелан во стомакот и рбетот, го нападнаа од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот.

05.10.2017 14:41:44
Алит Абази независниот кандидат за градоначалник на Кичево,  утрово почина на клиниката во Скопје каде беше во многу тешка состојба после вооружениот напад што врз него се случи на 28 минатиот месец во Кичево. 

Абази, беше застрелан во стомакот и рбетот, го нападнаа од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот. Абдиу  беше ранет  во бутот од  десната нога. Во нападот повредено беше уште едно лице, случаен минувач. Во неговата потколеница најверојатно завршил рикошет. 

Напаѓачот е во притвор, а мотивот според истрагата не е поврзано со локалните избори, потврди вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 
Според изборниот законик, сега на независната листа кандидати за локалните избори во Кичево, ќе треба да се предложи друг кандидат, без да се собираат потписи за него. 




Катерина Гетева