Сцена

Патриша Аркет првпат во улога на режисерка

Американската глумица Патриша Аркет го најави своето режисерско деби при соработката со „Тристар Лав Канал“, објави „Холивуд Рипортер“.

05.10.2017 12:05:02

Американската глумица Патриша Аркет го најави своето режисерско деби при соработката со „Тристар Лав Канал“, објави „Холивуд Рипортер“.

Оскаровката oд 2015 година, сега ќе застане зад камерата при снимањето на драма чијашто приказна е сместена во 1970-те. Во филмот се раскажува за неколку домаќинки од работничка класа кои живеат во зафрлен дел на Њујорк, односно во место каде што има депонии за отровен отпад... Без никаква подготовка, ниту пак поддршка, тие се обраќаат до индустриските власти, а потоа и до државните инстанци, па и до Претседателот. Станува збор за вистински настани.

Автор на сценариото е Бред Деш, а е засновано на документарец на Вил Батерсби. Како еден од продуцентите на филмот се споменува Тори Тјунел.