Црна хроника

Тежок инцидент во Шуто Оризаре, физички нападнат и повреден кандидатот Елвис Бајрам

Тежок инцидент се случи доцна попладнево околу 18 часот, во кој физички е нападнат и потешко повреден актуелниот градоначалник на Шуто Оризаре, но сега и кандидат во изборите, Елвис Бајрам и неговиот шеф на кабинет, Аднан Мемет.

02.10.2017 22:53:57
Падна и првата крв на изборите. Жесток физички напад на кандидат за градоначалник. Попладнево околу 18 часот се случи тежок инцидент, во кој физички е нападнат и потешко повреден актуелниот градоначалник на Шуто Оризаре, но сега и кандидат во изборите, Елвис Бајрам, како и неговиот шеф на кабинет, Аднан Мемет. Двајцата завршија во болница.
Според првичните информации, денеска Бајрам и Мемет го минале денот на средба со граѓани во општината Шуто Оризаре. Попладнево, шетајќи по населбите на општината, во моментот додека поминувале покрај еден од локалните штабови на нивниот противкандидат од СДСМ, Курто Дудуш, биле нападнати, најпрво вербално, а потоа и физички.

За нападот тој директно ги обвини партиските активисти на СДСМ. Од штабот на  Бајрам го идентификуваа и напаѓачот. Станува збор за овој активист, кој се гледа како лепи плакати на Дудуш. 

Од МВР го потврдија инцидентот велејќи дека „околу 18 часот на ул. „Гвадалахара“ во скопската општина Шуто Оризари настанала меѓусебна тепачка меѓу две групи на граѓани„ и дека полицијата се уште го испитува случајот.
 
Индиректно признание стигна и од кандидатот на СДСМ Дудуш, кој во изјава за Либертас тврди дека Бајрам дошол да ги кине неговите плакати и затоа неговите приврзаници интервенирале.

Инаку ова е уште еден инцидент од низата кои се случуваат во изминативе денови. Насилства ја одбележаа првата недела од кампањата за локалните избори на 15-ти октомври, повредени кандидати, демолирани и искршени партиски штабови и седишта на партии, Министерството за внатрешни работи кое е под контрола на Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ, досега нема решено ниту еден инцидент.