Култура

Скандал: „Златната петорка“ нема да биде кандидат за Оскар за најдобар странски филм

Македонија годнава ќе нема кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм, откако комисијата на ДФРМ, одлучи дека филмовите не ги исполнуваат критериумите за да бидат кандидати за Американската филмска академија.

02.10.2017 17:49:41
Филмска мафија ни застана на патот за мекедонски филм во трка за оскар, вели режисерот на филмот „Златна петорка“ Горан Тренчовски. Токму затоа, македонската филмска продукција Револушн ќе го тужи друштвото на филмските работници, зашто не им дале зелено светло за прикажување на филмот на големото филмско платно во Америка. 

Тие директно го вперија прстот кон друштвото на филмските работници, зашто како што велат - не може затворен круг на луѓе да стопираат филм, кој ќе и донесе успех на Македонија.

- Се чувствуваме оштетени, длабоко повредени и за таа повреда, нанесена штета, за угледот и за сите моменти кои се случуваат кон продукцијата и кон филмот, кон понатамошната продукција и моето присуство како режисер ќе бидат гонети по судска постапка, истакна режисерот на македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ Горан Тренчовски.

Според него, вистинската причина за спречувањето за номинација на филмот „Златна петорка“ не е квалитетот на нашиот филм туку, како што рече, тоа се најмалку две други причини. Првата причина, како што наведе, е идеолошка, а другата е обидот за нанесување лична штета за да не добие поддршка за неговиот следен долгометражен игран филм.

Од продукцијата која до сега добиле низа признанија за филмот, бараат одземање на лиценцата на друштвото на филмските работници.  Велат, ќе испратат допис до академијата за филм во Лос Анџелес. 

Алфа се обиде на стапи во контакт со друштвото на филмските работници, но од таму - барем до сега, не ни одговорија на телефонските повици.  

Инаку, двата македонски филмови беа единствените пријавени, а за кандидатурата одлучуваше комисијата на друштвото на филмските работници, на чело со продуцентот Роберт Насков, а членови се режисерите Вардан Тозија и Марија Апчевска.

Колку за потсетување, и во 2013 Македонија не избра кандидат за Оскар, кога во трката беа „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски и „Соба со пијано“ на Игор Иванов - Изи, а на чело на комисијата беше тогашниот претседател на ДФРМ Горјан Тозија, кој сега е в.д. директор на Агенцијата за филм, што и тогаш беше проследено со кавга меѓу продуцентите на филмовите.

Борис Грујоски