Црна хроника

Дванаесет сообраќајки во Скопје, потешко повредени двајца пешаци

Двајца пешаци се потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет со полесни повреди се здобиле девет лица, а во пет е причинета материјална штета.

29.09.2017 14:41:26

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои пет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, како и 22 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 111 непрописно паркирани возила.