Култура

Книжевно пладне посветено на писателот за деца Видое Подгорец

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска организира Книжевнo пладне по повод 20 години од смртта на поетот, раскажувач и романсиер за деца Видое Подгорец.

28.09.2017 12:40:14

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска организира Книжевнo пладне по повод 20 години од смртта на поетот, раскажувач и романсиер за деца Видое Подгорец.

На чествувањето, кое ќе се одржи  во Спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, за делото на Подгорец ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговото творештво ќе интерпретираат ученици од ОУ„Коле Неделковски“ од Скопје.

Видое Подгорец (1934-1997) е еден од најпознатите поети, раскажувачи и романсиери во македонската книжевност за деца. Автор е на десетици дела, а меѓу најзначајните негови остварувања се: збирките поезија „Развигорче“, „Весела азбука“, „Илјада цветови“, книгите раскази „Прости ми канаринке“, „Шумскиот разбојник“, „Патувањето на Добрло“, „Приказна за селото“, а од романите на Подгорец посебно место има култниот „Белото Циганче“, кој е преведен на петнаесет јазици.

Подгорец е добитник на наградите: „Младо поколение“, „13 Ноември“ и „Климент Охридски“.