Црна хроника

Вооружен напад во Кичево, тројца повредeни

Tри лица доцна попладнево околу 18 и 50 часот се повредени во вооружен напад во Кичево.

27.09.2017 21:50:42
 Tри лица  доцна попладнево околу 18 и 50 часот се повредени во вооружен  напад во Кичево. Според неофицијални информации на Алфа, лице родено 1959 годиа ( 58 ) со пиштол пукал кон тројца негови сограѓани во близана на кичевскиот основен суд. 

Сите тројца добиле огнострелни рани, еден во пределот на десниот бут, вториот во слабината, а третиот во десната потколеница .  Првите двајца повредени се пренесени во Ургентниот Центар во Скопје, а третиот е задржан во Кичевската  Болница.  Името и презимето на еден од поврединте лица според неофицијални извори  на алфа се поклопува со името на Алит Абази, независен кандидат на Кичево. 

 Напаѓачот кој пукал во тројцата сограѓани е приведен а како што донаваме, обезбеден е и пиштолот од кој пукал. Мотивот за вооружениот напад  најверојатно е судска парница која денеска осомничениот напаѓач  ја имал со тројцата сега повредени.