Македонија

Жителите на Дебрца се противат на изградба на регионална депонија

Дебрчани на протест против изградба на регионала депонија во општина Дебрца. Со транспаренти во рака, порачаа дека ова е земја на земјоделците и оти нивното здравје не е на продажба.

23.09.2017 17:43:07
 Дебрчани на протест против изградба на регионала депонија во општина Дебрца. Со транспаренти во рака, порачаа дека ова е земја на земјоделците и оти нивното здравје не е на продажба.

Нивниот гнев е голем,ова е велат место за златни посеви - депонија само преку нас мртви.Протестот го одржаа на Горичко поле,локација на која е предвидено да се гради депонијата. Се што правиме, правиме со свој труд и нема да дозволиме да ја уништат животната средина, да ни ги уништат посевите чиј род ни носи леб на трпезата –извикуваа мештаните кои во знак на револт пред време,ги изораа нивите. 

- Еден цивилизациски акт за да се зачува она што е еколошки чисто, она што дава живот на овој народ, на овие луѓе и да покажеме со орањето дека оваа територија е спремна да се развива во друг правец.Да се развива во правец на произвотство на една здрава храна, не само за оваа територија, туку за целата држава.-Изјава Бошко Ставрески-Координативно тело Дебрца.

Сакаме да ги заштитиме своите огништа на кои полека се враќаат цели семејства од внатрешноста на државата,кои токму поради еколошки чистата средина ги обновуваат старите а никнуваат и нови куќи.На млади од Годивје, кои се занимаваат со сточарство и земјоделие поддршка им дадоа и жителите од останатите села.

- Дојдени сме овдека да спречиме едно зло викано регионална депонија.-Изјава Кирил Јосифоски- с.Злести.

- Јас не можам да сватам кој луѓе тоа го пават, јас не знам, тие се’ од интерес само за пари си гледаат, не гледаат дека луѓе ќе умираат утре тука и зато ние не можеме да дозволиме во никој случај,по секоја цена ќе го браниме нема да дозолиме вакво нешто да се деси.-Изјава Никола Стојаноски-координативно тело.

Згора на се, во Годивје има 6 археолошки локалитети, настариот кој датира од неолитот се наоѓа на 100-тина метри од локацијата каде ќе се гради депонијата. Инаку дебрчани можат да се изјаснат дали се за или против изградба на депонијата на референдумот кој ќе се одржи на 15-ти октомври.


Росица Голабоска