Македонија

„Средбата“ на премиерот Заев со претседателот Трамп траела цели 2 секунди

Премиерот Заев оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп која траеше цели 2 секунди. Историскиот настан е фотографиран и тоа не од било кого, туку лично од министерот за надворешни работи, Никола Димитров...

19.09.2017 17:33:14
Дури цели две секунди. Толку траеше, како што ја нарече Заев, средбата со претседателот на Соединетите Држави, ДоналдТрамп во Њујорк. Ракувањето на поминување, тешко дека било кој може да го оцени како средба. Од видео снимката може да се забележи дека претседателот Трамп стана од своето столче и тргна кон излезот и по пат се поздрави и ракуваше речиси си секој што беше по пат. 

Но тоа не го спречи премиерот и неговиот тим јавно, преку официјалниот фејсбук профил на Заев да го окарактеризираат како средба, и не само тоа, туку и на неа македонскиот премиер дури успеал и да му „изрази поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН“. Дополнително, издвоил и време да му „посака успешен старт на реформите на организацијата на ОН“. 

Ова е целото видео од фамозната средба. Заклучете сами дали во едно ракување од вкупно две секунди, било кој би имал време да изрази поддршка за планот за реформи на светската организација, подготвен од самиот Трамп или пак, дали воопшто сето ова може да се нарече средба.

Вчера тимот на владата објавија и фотографија од ракувањето за да ја докажат таканаречената средба. Интересно е што официјален фотограф на премиерот изгледа станал инистерот за надворешни работи, Никола Димитров. Наместо да стои до својот премиер,  да посредува и организира средби, тој со мобилниот телефон во рака го овековечуваше ракувањето. Можеби и затоа сликата што беше објавена вчеар е матна, најверојатно поради времетраењето на ракувањето...  

Како за споредба, еве како изгледа, или барем би требало да изгледа вистинска и организира средба межу двајца официјални државници. Ова е фотографијата од средбата на Екс-премиерот Владо Бучковски со поранешниот претседател на Соединетите Држави, ЏорџБушЏуниор во Овалната соба во Белата куќа каде разговарале повеќе од еден час. Можете да забележите дека двајцата се седниати, се поздравуваат и има знамиња зад нив.
Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, пак, на маргините на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та имаше одвоена средба исто така со Буш. И тука се сите обележја на една официјална средба. 

Но владиниот тим не се откажува. Тие за вечерва, доцна по македонско време повторно најавија дека Трамп ќе го примел Заев. Станува збор за официјална вечера што е под покровителство на американскиот претседател, но не само за неколку луѓе, туку за лидерите на сите држави – членки на ОН. Според распоредот, Трамп има одвоено вкупно 45 минути за фотографирање и 15 минути за обраќање кон учесниците. 

Андреа Василевски

 

Gorge

Од: Tito

Време: 19.09.2017 20:04:40

Коментар: Dve sekundi se sretnaa i ne mu namigna a na gorgeta ne se pozdravija i mu namigna

средба

Од: Аца

Време: 19.09.2017 18:20:30

Коментар: ХАХАХАХААА ,СЕ СКИНАЛЕ ОД МУАБЕТ,.......

.........

Од: trajko

Време: 19.09.2017 15:58:49

Коментар: podobar e od horhe so obama ...toj samo si namignal na odalecenost od 100 metri ...bruka Makdeonska