Култура

Завршија подготовките за ФФК „Браќа Манаки“

Покрај финансиските неизвесности, од идната сабота Фестивалот ќе се одвива со позитивна енергија, бидејќи Битола е филмски град и тоа ќе се негува на ``Браќа Манаки``.

15.09.2017 20:10:34
Завршени се подготовките за одржувањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера ``Браќа Манаки``, иако во претходниот неколкумесечен период се случуваа повеќе турбулентни состојби, во кои Агенцијата за филм фестивалот ќе го  финансира со осум милиони денари или еден милион помалку, со откажување на спонзорите и неизвесност околу обврските на Општината со нивно одолговлекување. На денешниот прес, од таму немаше претставник. 

- Се обидувавме да го добиеме градоначалникот четири месеци, потпишан е минатата недела, уредно се поканети, но немаме претставник. Нам ни е битно, Општината Битола и луѓето од Битола да бидат дел од овој фестивал кој се одвива во Битола и секогаш ќе остане тука- рече Гена Теодосиевска, селектор на документарната програма. 

Покрај финансиските неизвесности, од идната сабота  Фестивалот ќе се одвива со позитивна енергија, бидејќи Битола е филмски град и тоа ќе се негува на ``Браќа Манаки`` со 13 филмови на официјалната компетиција, 7 на документарната и со голем број други содржини и гости.

- Од тринаесетте филмови во официјалната конкуренција која е силна и квалитетна, филмот на отворањето е бугарско- макаедонската копродукција ``Насоки``, а за затворањето, тоа е филмот ``Нека влезе сонцето`` на Клер Дени и Ањес Годар- рече селекторот и директор на Фестивалот ``Благоја Куноски Доре.

 Специјалната награда ``Златна Камера 300`` за особен придонес во македонската и свтеската филмска уметност,  годинава ќе му биде доделена на македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски, беше речено на денешниот прес.



Петар Стефановски