Спорт

Јаневски: Подготвени сме да одиграме добар натпревар

Фудбалерите на Вардар утре од 21 часот и 5 минути на арената Филип втори против Зенит ќе го одигра историскиот натпревар во фазата по групи во Лига Европа.

13.09.2017 23:59:50
"Веднаш по извлекувањето на групите на сите тимови им е јасно дека Зенит е главниот фаворит за освојување на првото место, а сметам дека нашиот прв противник има амбиција да стигне до финалето. Зенит е одличен тим со голем број на квалитетни фудбалери. Во изминативе неколку дена ги направивме сите анализи и мислам дека добро се подготвивме пред нашите навивачи да одиграме еден добар квалитетен натпревар и сите задоволни да го напуштиме стадионот", изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

За жал стратегот на Вардар на утрешниот натпревар нема да може да дефанзивецот Новак.

"До вчера сите фудбалери беа подготвени за настап, но ни се случи еден пех. Новак, кој не беше доволно заздравен и поради тоа ги пропушти претходните два натпревари во купот и првенство и заедно со медицинскиот тим решивме тој да не биде во комбинација за утрешниот натпревар", истакна Јаневски.