Македонија

Законот за јазици и интерпелации на тројца министри на собраниска седница

Законот за јазиците помина на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.

13.09.2017 12:48:03
Пратеникот Антонио Милошоски рече дека законот вака како што е предложен води кон целосна двојазичност и федерализација на Република Македонија.

Тој рече дека овој закон е неуставен и ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, а ќе доведе и до дискриминација кај помалите етнички заедници.

Според него, со донесувањето на овој закон ќе има глоби за судовите, обвинителствата, училиштата, универзитетите и кои било други установи кои нема да го спроведат.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ од рече дека овој Предлог-закон е уставен и се базира на амандманот 5 од Уставот. Тој притоа потенцира дека ставот 2 од амандманот 5 од Уставот предвидува јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така да е службен јазик.

Африм Гаши од БЕСА рече дека ставот на неговата партија е дека употребата на законот треба да се усвои со консензус. 

На дневен ред е и Предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната изборна комисија.
Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.